Биопсија со помош на МР

Што е биопсија со помош на МР? 

МР на дојките често се користи пред операција кај жени дијагностицирани со карцином на дојка, за да се утврди дали постои друго жариште на карцином во дојката и, исто така, се користи за снимање пациенти со висок ризик. Во повеќето случаи, со оваа биопсија може да се откријат сомнителните наоди кои не можат да се откријат со други методи. До неодамна не можеше да се прави биопсија на масите кои се прикажуваат само со МР. Овие пациенти обично биле повикувани на почести контроли или имале непотребна операција. Покрај тоа, бидејќи биле откриени сомнителни наоди во дојката, жените со карцином на дојка не можеле да имаат интервенција за зачувување на дојката, па дури принудно им била отстранета цела дојка.

Како се применува?

За време на биопсија со помош на МР, која се применува во ограничен број центри, пациентот лежи на грб како во сите МР на дојки. Со помош на компјутер се поставуваат тродимензионални координати на сомнителната област и потоа се прави иглена биопсија или се означува пред операција.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!