Најголемите ризици за машкото здравје

Голем број истражувања покажале дека жените обрнуваат повеќе внимание на сопственото здравје, почесто одат на лекар и со самото тоа подолго живеат. Посилниот пол своето здравје секогаш го става на последно место на приоритети и последното нешто што им паѓа на ум е посетата на доктор. Се додека работат и се продуктивни, тие воопшто не размислуваат за сопственото здравје.  Докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ви ги откриваат 6 најголеми ризици за машкото здравје.

Голем број истражувања покажале дека жените обрнуваат повеќе внимание на сопственото здравје, почесто одат на лекар и со самото тоа подолго живеат. Посилниот пол своето здравје секогаш го става на последно место на приоритети и последното нешто што им паѓа на ум е посетата на доктор. Се додека работат и се продуктивни, тие воопшто не размислуваат за сопственото здравје. Докторите од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ви ги откриваат 6 најголеми ризици за машкото здравје.

1. Кардиоваскуларниболести

Болестите на срцето се водечка закана за машкото здравје. Кардиолошкиот преглед најчесто опфаќа електрокардиограм, ехо на срце и стрес-тест. Овие испитувања се многу значајни за да се одреди работата на срцето, но и да се дијагностицираат оштетувањата. На овој преглед многу е важно да се процени коронарниот ризик, бидејќи тој ја определува веројатноста за срцево страдање во следните 10 години. Доколку имате болка во градите, отежнатост при извршување на физичка активност, болка и стегање во рацете, грбот и во рамената или многу често сте уморни без да имате тешка физичка активност задолжително посетете кардиолог.

2. Карцином на бели дробови

Пушењето во моментов е водечка смртна закана која зазема дури 25% од вкупниот број на смртни случаи, влијае фатално врз секој орган од човековото тело и предизвикува многу болести. Карциномот на бели дробови е најчестиот карцином кај мажите и речиси 90% од причините за негово настанување се токму цигарите. Побарајте стручна помош доколку ги имате следниве симптоми: сезонско кашлање и континуирано исфрлање слуз кај пушачи со хроничен бронхитис, искашлување крв, отежнато дишење, бодеж во градите кој се шири кон лопатките или рамената. Во раниот стадиум на канцер луѓето го губат апетитот, чувствуваат слабост, губат во тежина и се потат.

3.Карцином на простата и зголемена простата

Простата е дел од машкиот репродуктивен систем. Ако во младоста таа е дел од сексуалноста на мажот, во поодминатите години од животот таа станува неодминлив здравствен проблем речиси на секој маж. Вообичаен симптом е проблемот со уринирање, честото мокрење или неможноста за мокрење. Симптомите на зголемена простата се многу слични со симптомите кои ги дава карциномот. Додека карциномот на простата во раната фаза не дава никакви симптоми, а доколку болеста е во напредно ниво, првите знаци се болки во грбот и во ‘рбетот. За откривање на карциномот на простата во ран стадиум на болеста, се препорачува скрининг на простата кај секој маж над 40-годишна возраст. Со возраста се зголемува и ризикот од карцином на простата.

4. Депресија

Депресијата е емоционално нарушување на целокупната состојба на здравјето кај луѓето. Мажите кои патат од депресија имаат поголема веројатност да развијат и срцеви заболувања. Обично, тие не ги препознаваат симптомите на депресијата и сметаат дека се работи за моментална слабост, па не и даваат посебно значење на оваа состојба. Поради тоа, тие ретко бараат помош од лекар. Доколку оваа состојба не се третира навреме, таа може само да се влошува, па дури и да излезе од контрола. Депресијата може да предизвика проблеми врз многу аспекти од животот, како што се здравјето, кариерата, односите со луѓето, како и личната безбедност.

5. Дијабетес

Дијабетесот обично започнува тивко, без симптоми, но со текот на годините, нивото на шеќерот во крвта се покачува. Како резултат на често мокрење, постојаната жед, зголемениот апетит, изнемоштеноста и трнењето во прстите, многу мажи бараат помош од медицинските лица. Голем број од заболените (најчесто дијабетис тип 2) немаат симптоми и знаци на болеста, а таа се открива кога веќе се јавила некоја компликација, како срцев или мозочен удар. Дијабетесот се дијагностицира со едноставни биохемиски анализи, при што се одредува нивото на шеќер во крвта и нивото на хемоглобин. Превенцијата игра голема улога, па затоа јадете повеќе овошје и зеленчук, бидете спортски активни и правете редовни прегледи.

6. Еректилна дисфункција

Еректилната дисфункција (импотенција) кај мажот се дефинира како неспособност да се воспостави и одржи ерекција доволна за сексуален однос. Според податоците на светско ниво, се претпоставува дека приближно 5 до 20% од мажите имаат умерена до тешка форма на еректилна дисфункција. Загрижува фактот што се поголем број мажи на средна возраст страдаат од овој проблем. Еректилната дисфункција е поврзана со хроничните болести како што е дијабетесот, но доколку се контролира нивото на шеќер во крвта, овој ризик се намалува. Најчести симптоми  се ерекции кои се премногу меки за сексуален однос, ерекции кои се кратки за сексуален однос или неспособност да се постигне ерекција.

  

 

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!