Зошто треба длабоко да дишеме?

Толку сме зафатени со брзиот начин на живот што ретко размислуваме околу неговиот квалитет. На крајот на денот сите сакаме да се опуштиме и да имаме мирен сон. Покрај тоа, ние треба да го заштитиме нашето здравје од секојдневниот стрес, депресијата, зголемениот крвен притисок и срцеви заболувања.

Со ваквиот забрзан живот должни сме секој ден да практикуваме да дишеме длабоко со цел да го одржиме балансот меѓу работата и животот. Длабокото дишење е една од најважните вежби за опуштање и освежување на телото. Пред сѐ, се работи за многу лесна и едноставна метода. Сѐ што треба е да седнете во опуштена положба, потоа длабоко да вдишете, како да медитирате. Оваа вежба нуди многу здравствени бенефиции.

Срцевоболните треба да обрнат внимание на симптомите на депресија

Истражувањата велат дека депресивните луѓе се поподложни на срцев удар. Зошто?

Хроничната депресија и анксиозност го подигнуваат нивото на стрес хормони кои циркулираат во телото. Овие хормони предизвикуваат стегање на крвните садови, а со тоа се забрзува работата на срцето. Крајниот резултат може да биде воспаление на артериите и поголема веројатност за формирање тромб.

Причини за болките во грбот

Истражувањата покажале дека 85% до 90% од населението во САД имале проблеми со грбот во одреден дел од животот. Болката во грбот е една од најчестите причини за посетување матичен лекар. Во кој било ден од годината речиси 2% од работната сила на САД не е способна да се појави на работа токму поради проблемите со грбот.

Една од почестите болки, која најпрвин се јавува во грбот па најчесто се пренесува на ногата, е ишијасот. Обично ишијасот е резултат на притиснат нерв во ’рбетниот столб, како и проблеми со дискусот или артритис. Од друга страна, причината за болките во грбот може да биде мистерија за докторите, а тие најчесто ја поврзуваат со дискусот, зглобовите, мускулите, лигаментите или тетивите.

Искористете ја моќта на лубеницата

Лубеницата е најпопуларната летна храна, а покрај тоа што освежува и служи како десерт, таа е полна со чудесни состојки. Запознајте се со здравите материи кои ги содржи лубеницата.

1. Лубеницата содржи повеќе ликопен дури и од свежиот домат.

Во само една шолја лубеница исечена на парчиња има околу шест грама ликопен, додека истата количина домат содржи четири грама. Ликопенот се смета за чудесен антиоксидант кој го блокира делувањето на слободните радикали, а со тоа и оштетувањето и стареењето на клетките во телото. Ликопенот, исто така, делува и како превенција од појава на некои срцеви и малигни заболувања. Со цел да извлечете максимум од ликопенот пред да започнете со јадење, чувајте ја лубеницата на собна температура.

Неколку знаци кои укажуваат дека имате проблеми со алкохолот

Без оглед на тоа дали луѓето признаваат или не, проблемите со прекумерното консумирање алкохол се почести отколку што мислите. Луѓето кои овој проблем ќе го препознаат пред да стекнат целосна зависност имаат повеќе шанси да ја намалат консумацијата на алкохол, но и да ја минимизираат улогата која ја игра алкохолот во нивните животи.

Што е дијализа?

Дијализата е постапка која се спроведува кај пациентите чија функција на бубрегот привремено или трајно откажала. Притоа од крвта се отстрануваат отпадните материи и вишокот на течност, која претходно ја отстранувале бубрезите.

5 Совети за подобар живот

1. Насмевнете се!

Една студија покажува дека смеењето го забрзува производството на клетките кои нè штитат од инфекции и создавање тумори.

2. Плачете!

Во солзите има траги од хормоните поврзани со стресот. Со плачењето го намалувате стресот, а со тоа и ризикот од срцев удар.

По што најмногу копнее бремената жена?

Една од најдобрите и најлошите работи во бременоста е копнежот по храната. Овој копнеж за храна во бременоста не може да се спореди со обичниот копнеж бидејќи е милион пати посилен. Се будите со огромна желба за голема чоколада или леден ултракалоричен шејк или во сред ноќ го будите сопругот да ви купи и испржи сланина. Нормално, секогаш бебето го добива тоа што го сака. Еве неколку топ храни по кои жените „лудуваат“ кога се бремени.

Дали знаете како да водите сметка за вашето здравје?

Кога здравјето е на наша страна и не чувствуваме никакви здравствени проблеми тогаш и воопшто не размислуваме за здравјето, но штом ќе се појават одредени знаци, тогаш донесувате брзи и драстични одлуки. Сепак, најмудро од сѐ е да делувате превентивно. Грижата за здравјето е доживотна навика, култура и начин на живеење. Се проценува дека дури пола хронични болести можат да се спречат со подобра грижа за сопственото здравје во која било животна доба. За добрите промени никогаш не е доцна, па затоа уште денес донесете неколку здрави одлуки.