7 Совети како вашето дете да биде безбедно на висока столица

Дали мислите дека високите столици се безбедени за вашето дете? Алармантно се зголемени повредите кај децата како резултат на пад од висок стол. Најчести се повредите на главата и на лицето како модринки, исеченици и потреси. Две третини од децата се повредиле кога станувале од столот.
Најдобриот начин за вашето дете да биде безбедно е да користите специјални столици наменети за најмалите. Задолжително врзете го со ремени кои се дел од столицата.
5 причини зошто повозрасните лица со срцеви проблеми треба да вежбаат

Вежбањето е корисно за сите возрасти, особено зa пациентите со срцеви проблеми. Ова се петте главни причини зошто повозрасните лица треба да вежбаат:
1. Оптимизирајте го здравјето на вашето срце
Редовни кардиоваскуларни вежби комбинирани со здрава исхрана помагаат во превенцијата на кардиоваскуларни заболувања. Но, тие можат да помогнат и доколку имате проблеми со срцето. Соодветен кардиоваскуларен тренинг може да ви помогне во подобрување на циркулацијата, регулирање на крвниот притисок и во контрола на дијабетесот.
7 важни правила за вежбање во летниот период

Летото е сезона кога конечно можете да вежбате надвор, но, бидејќи во топло и влажно време сте подложни на повреди, потребен ви е план пред да почнете да вежбате. Следните совети ќе ви помогнат да го направите вашето вежбање удобно и посвежо дури и кога температурите се зголемуваат…
1. Вистинско време
• Најдобро време за вежбање во текот на летото е пред 10 часот претпладне, поради две причини:
• Прво, да се избегне потење во текот на најжешкиот дел од денот – 10:00-14:00 часот.
5 корисни совети за трудници во лето

Поради високите температури и спарнини, летото за трудниците може да биде многу напорно и стресно. Секако треба да ги потсетиме на неколку корисни совети, кои ќе им помогнат полесно да ги совладаат летните горештини и наглите промени на воздушниот притисок.
1. Облека: Широка удобна облека од природни материјали (памук, лен, свила) во светли бои кои ги одбиваат светлосните зраци. Шапки со широк раб и очила за сонце се добра заштита од УВ зрачење.
Детска треска – Кога треба да се грижите?

Треската кај мало дете може многу да ги исплаши и вознемири родителите, особено оние кои првпат станале мама и тато. Секое дете во детството во текот на ноќта имало треска, без разлика колку вие сте внимателни! Важно е родителите да знаат како да постапат кога ќе се случи тоа. Прво, неколку совети за мерење на температурата на вашето дете:
Постојат повеќе видови топломери – од класични до понови модерни дигитални топломери. За да ја измерите телесната температура можете да користите кој било топломер. За најпрецизно мерење на температура кај бебиња и мали деца се препорачува користење на ректален топломер. Доколку ви е непријатно и страв да го користите овој топломер, мерете ја температурата под мишката на детето.
7 начини како стресот „удира“ по вашето тело

Стресот е дел од животот. Понекогаш се манифестира како мотивација потребна за да ги исполните роковите или кога треба да се покажете во најдобро светло. Но, неконтролиран и стрес кој трае подолг период може да направи пустош низ вашето тело, и да резултира со болка и други симптоми.
Стресот се манифестира на многу места на вашето тело:
5 совети да го зајакнете здравјето со протеини

Протеинот денес е актуелен поради голем број производи од житарици, бисквити, лебни производи – па дури и вода! Тој е „гориво“ кое бавно гори. Бидејќи протеинот подолго се вари, прави да се чувствувате сити: добри вести за луѓето кои се трудат да ослабнат. Протеинот е, исто така, одличен за вашите мускули, му помага на вашето тело да ги одржува.
Дали знаете колку протеини ви се потребени и кои се најдобрите извори на протеини? Ова се седум совети за да ја добиете вашата протеинска моќ.
5 работи кои треба да ги направите пред да почнете со третманот на канцер

Доколку треба да почнете со лекување канцер, има неколку начини за да се подготвите. Со тоа ќе ја победите несигурноста и анксиозноста, кои често се дел од третманот.
Без разлика на сѐ, запомнете дека за вашето здравје одговорни сте – вие! Еве пет работи кои ќе ви помогнат во лекувањето:
3 совети за безбедни денови на сонце со вашето новороденче

Наближувањето на летото буди пријатни чувства асоцирани од долгите сончеви денови, релаксираност, море, плажа, пријатни мигови поминати надвор. Сепак, што е со оние семејства што имаат новороденчиња или многу млади доечиња? Дали и колку е безбедно изложување на оваа популација на сонце?
Повеќето педијатри ќе ве советуваат да не ги изложувате вашите новороденчиња на сончевото влијание во текот на летото и тоа би било сосема точно од медицинска гледна точка, но секако не е и многу практично. Затоа ако, сепак, се одлучите да поминете извесен период надвор со вашиот најмлад член на семејството, потребно е да знаете неколку работи поврзани со сончањето, кожата на вашето бебе и нејзината заштита.
Сите тајни на медот

Mедот храна која може ви го продолжи животниот век
Легендата вели медот е храна на боговите. Денеска е тешко да се замисли животот без мед. Тој е храна која може да го продолжи животниот век.
Неколку факти за медот:
1. Природна слатка течност која е направена од нектарот на цветовите, собран од пчелите.
2. Бојата, вкусот и слаткоста на медот зависи од кој тип цвеќе е собран.