
Премногу шеќер може да го оптерети вашето срце
Општо познат е фактот дека големи количини шеќер го оштетуваат ткивото на срцето и предизвикуваат разни болести.
Бројни истражувања покажаа дека хронично високите нивоа на шеќер во крвта (поврзани со неконтролиран дијабетес и други состојби) доведуваат до атеросклероза и срцеви заболувања. Но, точните ефекти на шеќерот врз ткивото на срцето сè уште не се јасни.