Вистини за храната без глутен и губењето килограми


Диетите без глутен се најновиот тренд за оние што сакаат брзо да се ослободат од вишокот килограми, но дали е навистина така? Дали глутенот е одговорен за „љубовните спојлери?“ Одговорот е „не“, но ајде да ги разјасниме работите до крај.

sistina

Диетите без глутен се најновиот тренд за оние што сакаат брзо да се ослободат од вишокот килограми, но дали е навистина така? Дали глутенот е одговорен за „љубовните спојлери?“ Одговорот е „не“, но ајде да ги разјасниме работите до крај.

Што е глутен и болеста целијакија?

Глутен е протеин кој се наоѓа во пченицата, ‘ржта, јачменот и безброј други процесирани производи како паста, леб и житарки. Некои луѓе го избегнуваат глутенот бидејќи страдаат од болеста целијакија. Оваа болест е автоимуно нарушување, кога имунитетот реагира на глутенот. Резултатот од ова е абдоминална болка, надувување, гадење и дијареа. Оваа болест спречува апсорбирање на витамини и минерали и предизвикува губење на тежината.

Други луѓе, пак, го избегнуваат глутенот поради тоа што нивното тело не го толерира присуството на глутен. Нетолеранцијата за глутен ги имитира симптомите на болеста целијакија без имунолошката реакција.

Дали луѓето навистина слабеат ако не конзумираат глутен?

Воопшто не постои доказ дека исфрлувањето на глутенот од исхраната ќе резултира во топење на килограмите. Но, со јадење храна без глутен ќе почнете да конзумирате повеќе органска, непроцесирана храна како овошје, зеленчук, мешунки и немасни меса. Овие промени во исхраната често се поздрави и со помалку калории.

Замената на брзата храна и пржени компирчиња со оброк без глутен кој го има во салата, пилешки гради и сладок компир е вистински избор и значи внес на двојно помалку калории. Ова ќе резултира на тежината со текот на времето.

Дали сета храна без глутен е здрава?

Храната без глутен не мора да значи дека е и здрава храна бидејќи не е еднакво хранлива. Едно јаболко и шеќерно колаче без глутен се две намирници кои немаат глутен, но нивните хранливи својства драстично се разликуваат. Пазарите и супермаркетите се полни со торти, колачи и благи работи кои не содржат глутен. Овие производи често содржат големи количини шеќер и маснотии, што ги прави полни со калории.

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!