Не постои „здрава дебелина“!

Постојат луѓе кои тврдат дека може да се има вишок килограми и да се биде здрав, но лекарите алармираат дека ова не е точно. Теоријата е дека луѓето кои имаат вишок килограми, но немаат срцеви заболувања, може да се сметаат за здрави. Но, најновите истражувања открија дека дебелите луѓе имаат многу поголема шанса да заболат од атеросклероза – дури и ако немаат проблеми со срцето.

sistina

Токму затоа, оваа група луѓе не можат да се сметаат за здрави во споредба со лицата со нормална тежина. Луѓето со зголемена телесна тежина треба да бидат свесни дека ги демнат болести на срцето, велат експертите.

Научниците кои го правеле ова истражување тврдат дека дебелите луѓе треба да се предупредат за ризикот од болести на срце – и да се охрабрат да почнат да слабеат.

Дебелината често може да доведе до болести на срцето бидејќи пациентите имаат зголемени вредности на маснотии во крвта и се посклони кон висок притисок и шеќер во крвта.

Многу е важно лицата со прекумерна телесна тежина да разберат дека секогаш има време да ја променат својата исхрана и со физичка активност да ги намалат шансите од кардиоваскуларни болести. Доколку и понатаму не преземаат ништо, треба да бидат секогаш подготвени дека оваа состојба може да доведе до ненадеен срцев удар, покрај многу други кардиоваскуларни проблеми.

Хируршко лекување на дебелина – висок гастритичен бајпас

Хируршкиот третман во лекување на лицата со екстремна телесна тежина е единствен терапевтски метод со кој се постигнува долготраен губиток на телесна тежина. Постојат повеќе хируршки техники, но најдобри резултати се постигнуваат со висока гастритична бајпас операција. Оваа хируршка интервенција успешно се изведува во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ со класична хируршка техника и лапараскопски. Резултатот е видлив по 12 месеци од интервенцијата, каде телесната тежина се намалува и до 85 % проценти.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!