Пап-тестот може да го спаси вашиот живот

Со ПАП-тестот може да се откријат раните знаци на ракот на грлото на матката. Доколку се открие на време, процентот на преживување е многу висок. Во продолг ви даваме одговор на најчестите дилеми поврзани со ПАП-тестот.

Со ПАП-тестот може да се откријат раните знаци на ракот на грлото на матката. Доколку се открие на време, процентот на преживување е многу висок. Во продолг ви даваме одговор на најчестите дилеми поврзани со ПАП-тестот.

Што е ПАП-тест?

ПАП-тест е лесна, едноставна и брза метода со која се испитуваат промените на грлото на матката. Тоа е цитолошка метода со која се испитуваат одлупените клетки од слузницата на грлото на матката и се утврдува дали се тие нормални или постои некакво нарушување во нивната градба ( воспаление, рак на грлото на матката и др. ). 

Зошто е потребен ПАП-тестот?

ПАП-тестот може да го спаси вашиот живот. Со овој тест може да се откријат  раните знаци на ракот на грлото на матката. Доколку се открие на време, процентот на преживување е многу висок. Со ПАП-тестот исто така може да се откријат инфекции кои предизвикуваат изменет раст на клетките од грлото на матката и кои лесно можат да преминат во малигни клетки.

Дали сите жени треба да прават ПАП-тест и колку често?

Многу е важно сите жени да прават ПАП-тест како дел од нивниот рутински гинеколошки преглед. Честотата на правење тестови зависи од возраста и од историјата на болести кај пациентките.  Почнувајќи од 18-тата година, или порано во зависност од влегувањето во репродуктивниот период, односно од почетокот на сексуалниот живот кај повеќе жени се спроведува следниов протокол:

– Од 18. година, ПАП-тест најмалку еднаш годишно;

– Ако во меѓувреме имало една или повеќе бремености, тогаш на секои 6 месеци, ако не, тогаш до 30-годишна возраст барем еднаш годишно.

– Доколку има 3 едноподруго негативни ПАП-тестови, тогаш во договор со гинекологот може да се прави ПАП-тест на секои 2 или 3 години.

– Ако сте на возраст над 65 години, во договор со гинекологот, може на секои 2-3 години да се повтори тестирањето. Ако трите едноподруго теста во период од 10 години биле негативни тогаш тестот може да се прекине.

Тестовите може да се прават и почесто, на секои 3 до 6 месеци доколку пациентката има историја на претходно дијагностицирани изменети клетки во размаската (т.н. ЦИН 1, ЦИН 2, ЦИН 3), ако има претходно дијагностицирана малигна болест на друг орган (дојка, јајник и сл.). Исто така се препорачува и почесто тестирање кај ХИВ-позитивни пациентки.

Дали на пациентки со претходна операција на матката им е потребен?

Тоа зависи од причината зошто е извадена матката. Ако е направена операција поради некоја малигна болест било на телото или на грлото на матката, дури и на јајниците, тогаш ПАП-тестот е обврзен и на пократки временски интервали (4-6 месеци). Ако е поради некоја бенигна болест (миом, цисти и сл.) тогаш треба да се договарат со матичниот гинеколог колку често и до кога ќе се прави ПАП-тестот. Обично се препорачува барем еднаш во две години.

Како се зголемуваат шансите да се добие рак на грлото на матката?

Присуството на хуманиот папиломавирус ( ХПВ ) е главниот причинител за ракот на грлото на матката. Инфекцијата со ХПВ е најчеста сексуално пренослива инфекција, па така ризикот за инфекција со овој вирус е зголемена доколку:

– сексуалниот живот почнал пред 18-тата година;

– доколку пациентката имала чести промени на партнери;

– доколку партнерот на пациентката често ги менувал партнерките.

Постојат околу 100 различни видови на ХПВ од кои околу 40 се сексуално преносливи. Некои од нив (типовите 6, 11) се ниско ризични, односно не предизвикуваат рак на грлото на матката, додека, пак, другите (типови 16, 18,  31,  33,  35) се високо ризични и доколку не се третираат на време, постои опасност од развивање на рак на грлото на матката.

Како знаеме дека сме инфицирани со ХПВ?

Обично инфекцијата со ХПВ не дава симптоми. Некои од нив предизвикуваат брадавици на гениталниот систем т.н. кондиломи и тие обично не се опасни за развивање на рак на грло на матка. Присуството на ХПВ обично предизвикува промени во клетките на слузницата од грлото на матката кои се гледаат на ПАП-тестот.

Како се прави ПАП-тест?

Посетата н
а гинеколог треба да биде околку 10 до 20 дена по првиот ден од циклусот. Најмалку 2 дена пред посетата на гинекологот не треба да се користат вагинални креми, лекарства, тампони, пудри или дезодоранси, ниту, пак, да се има секс. Прегледот е безболен, но за некои жени е непријатен момент. Гинекологот, со четкичка или со шпатула, ги собира одлупените клетки од грлото на матката и ги размачкува на предметно стакло за микроскопирање. Стаклото се става во фиксатив и така подготвено се испраќа во цитопатолошката лабораторија.

Колку време е потребно додека се добие резултатот од ПАП-тестот?

Обично, во светски рамки, 2-3 недели. Во Клиничката болница “Аџибадем Систина” резултатот е готов за 2-3 дена. Зошто толку бргу? Затоа што во нашата болница размаските ги гледаат доктори – цитопатолози, а не цито-техничари кои прво ги издвојуваат сомнителните ПАП-ови, а потоа ги предаваат на докторите. Нашите пациенти се задоволни бидејќи брзо го добиваат резултатот.

Што значи “позитивен” ПАП-тест и дали се можни грешки?

Застрашувачки е податокот дека ПАП-тестот покажува отстапувања од нормалниот наод. Ова не значи дека пациентката има рак на грлото на матката. Атипични клетки се оние кои отстапуваат од нормалните и може да се резултат на воспалителен процес, претходен секс, користење на средства за интимна нега и сл. Наодот на атипични клетки значи дека нешто се случува во слузницата на грлото на матката и дека е потребна подетална анализа која ќе ја расчисти дилемата. Грешки се можни ако нема доволно клетки во размаската, акопрепаратот не е соодветно обработен И, се разбира, резултатот многу зависи и од искуството на гинекологот кој го зема брисот и цитопатологот кој го анализира истиот.

Што ако имаме различни резултати од различни лаборатории?

Во секојдневната пракса често се соочуваме со овој проблем. Ако времето меѓу двата теста е пократко од 3 месеци, тогаш голема е веројатноста да добиеме два различни резултати. На пример, се случува при испитувањето на ПАП-тестот во една лабораторија резултатот да биде позитивен, а потоа пациентката да го повтори тестот за еден месец и да добие негативен резултат во иста или во друга лабораторија. Нормално, сите сакаме да слушнеме убави вести, но некогаш тие не се веродостојни. Причината е што за кратко време не може да се обнови слузницата од грлото на матката и примерокот по првиот брис не може да даде вистинска слика за состојбата на слузницата.

Што се случува ако ПАПтестот е позитивен?

При позитивен ПАП-тест (ЦИН 2, ЦИН 3, ЦИС, АСЦ-УС, АГЦ) се препорачуваат следните испитувања:

-колпоскопија;

-ендоцервикална киретажа;

-биопсија на грлото на матката;

 Резултатот од ПАПтестот се покажаллажнопозитивен“?!

 ПАП-тестот не значи и 100% сигурност. Може да се случат и лажно позитивни и лажно негативни резултати. Ова е многу збунувачки. Лажно позитивен тест е ако ПАП-тестот бил позитивен, а по направената биопсија или киретажа се покажало дека ткивото на слузницата на грлото на матката е сосема в ред или има некој воспалителен процес. Позагрижувачки е фактот на лажно негативниот ПАП-тест. Тоа значи дека клетките се протолкувани како нормални, а вистинскиот процес не е евидентиран. Ова најчесто се случува поради неадекватно земен материјал од страна на гинекологот или поради несоодветно познавање на промените од страна на цитопатологот. За среќа, и ако постои некој процес, при следниот ПАП-тест, за 4-6 месеци тој ќе се покаже, а за тој временски период процесот нема можност многу да се развие.
 

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!