Оваа веб-страница користи колачиња (cookies)

Ние користиме неопходни колачиња кои се поставени на вашиот уред за да овозможат правилно функционирање на веб-страницата. Покрај неопходните, доколку се согласите, ние можеме да поставиме и колачиња за аналитика, функционалност и колачиња за рекламирање.

Колачињата што ги користи Клиничка болница „Аџибадем Систина“ не зачувуваат информации (лични податоци), кои овозможуваат идентификација на корисникот како физичко лице.... 

Секогаш активни

Тие се потребни за правилно функционирање на страницата и не можат да се исклучуваат во нашите системи. Тие обично се поставуваат само како одговор на постапките направени од вас, што претставува барање за услуги, како што се поставување на преференциите за приватност или пополнување формулари во контакт-формата. Можете да го поставите прелистувачот да ги блокира или да предупредува за овие колачиња, но блокирањето на овие колачиња ќе спречи да работи веб-страницата. Овие колачиња не зачувуваат никакви лични податоци.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што помагаат да се извршат одредени функционалности како споделување на содржината на веб-страницата на социјалните медиуми, собирање повратни информации и други карактеристики на трети страни.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што се користат за да се разбере како посетителите комуницираат со веб-страницата. Овие колачиња помагаат да се обезбедат информации за бројот на посетители, изворот на сообраќај итн.   

Нема колачиња за прикажување.

Колачињата за перформанси се користат за да се разберат и анализираат клучните индекси за изведба на веб-локацијата, што помага да се обезбеди подобро корисничко искуство за посетителите.

Нема колачиња за прикажување.

Колачиња што обезбедуваат за посетителите релевантни реклами (пример Фејсбук). Тие компании можат да ги користат за да изградат профил на вашите интереси и за да ви покажат релевантни реклами од други страници. Тие не складираат директно лични информации, но се засноваат врз уникатно идентификување на вашиот прелистувач и интернет-уред. Ако не ги прифатите овие колачиња, ќе искусите помалку насочено рекламирање.

Нема колачиња за прикажување.

Нема смртен случај во последните пет години: Во тимот на најпознатиот детски неврохирург има и гостиварец

Тој е еден од најпризнаените детски неврохирурзи во светот – има работен стаж од 25 години, а во последните неколку, стапката на смртност на децата по интервенциите е нула. Д-р Мемет Озек, во истанбулската болница „Аџибадем Алтунизаде“ врши од 600 до 700 операции годишно, а искуството го сподели пред македонски новинари. Оваа болница е една од најголемите и најпознати клиники, а тимот на доктор Oзек врши операции кај деца од сиот свет. Има такви и од Макеоднија, но за жал и покрај можноста ниту еден доктор од овде не се пријавил кај него да супспецијализира педијатриска неврохирургија. За споредба, секоја година по неколкумина доктори од сиот свет се усовршуваат таму, имало доктори и од Србија.

Озек вели дека во последниот период има зголемен број на деца кои се оперирани, но дека тоа се должи и на современата дијагностика. Кај него најчесто доаѓаат деца  со тумори длабоко во мозокот, деца со спастицитет, со церебрална парализа, деца со вродени оштетувања на ‘рбетот и на ‘рбетниот мозок и деца со епилепсија. Најдобро е интервенцијата да се изврши што побрзо, најдобро веднаш по раѓањето.

„Голем дел од пациентите коишто доаѓаат кај нас имаат тумори во мозокот, деца со спастицитет, голем број од нив се деца со дијагноза церебрална парализа. За да работите со овие пациенти мора да имате екипа. Мора да се работи со екипа во која има ортопед, невролог, неврохирург и доктор за анализа на движење, во екипата  мора да има физиотерапевт, работиме со мултидисциплинарна екипа“, вели неврохирургот Озек.

Озек сепак во својот тим има доктор кој е Македонец. Енис Шабан по потекло е од Гостивар но повеќе од десет години работи и живее во Истанбул. Вели дека е среќен што има работи во една од најуспешните болници и дека во последниот период поради развојот на технологијата, се повеќе деца кај кои е оценето дека може да имаат напредок или подобрување се оперираат со голема успешност во тој оддел.

„Познавам многу колеги од Македонија кои кога би дошле би добиле многу искуство за нешто да се направи во Македонија.  Јас сакам да дојдат овде бидејќи се од мојата земја, а и професорот има посебен однос оти една половина од неговата фамилија е од Призрен. Тој многу цени да работи со луѓе кои доаѓаат од Балканот, вели Шабан.

Тимот на Озек во кој е и доктор Шабан ги прави операциите со врвна опрема, со најмодерна технологија. Операциите кои ги вршат се покриваат приватно, доколку државниот фонд од земјата од каде доажа пациентот не ги покрива трошоците, каков што е случајот со Македонија. цената на интервенциите е од 5 до 40 илјади долари, во зависност од дијагнозата.  За тумор, цената на операцијата е од 25 до 40 илјади долари“, вели Озек.

„Аџибадем Алтунизаде“ е врвна болница по многу параметри. Дел од услугите во болницата се роботизирани, па така низ болницата кружат роботи од италијанско производство кои разнесуваат лекови, храна, материјали за стерлизиација.

извор: faktor.mk

Сподели:

Останати написи

  • Добивај известувања за новости!