КАРЦИНОМ НА ПРОСТАТА

Карцином на простата е водечка причина за смрт кај мажите во светот, а во нашата земја е на трето место, по карциномот на бели дробови и по карциномот на дебело црево. Доколку болеста навремено се открие и пациентот соодветно се третира, карциномот на простата е излечлив. Проф. д-р Сотир Ставридис, специјалист по урологија од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, објаснува дека од исклучителна важност за раното и навремено откривање на болеста е консултација со уролог и изведување на ректален преглед на простата.

КОИ СЕ СИМПТОМИТЕ?

Карциномот на простата е болест што нема специфични симптоми, особено во раниот стадиум. Во оваа фаза на болеста, симптомите, доколку се појават, се најчесто слични со оние на бенигната простатична опструкција или бенигната простатична хиперплазија. Прогресијата на болеста и нејзиниот природен тек честопати се совпаѓаат или се засегнати и од други коморбидитети или болести, асоцирани со возраста на засегнатите мажи.

Најчестите симптоми се зачестено и отежнато мокрење, особено во текот на ноќта, тешкотии при започнување или запирање со уринирање, испуштање на слаб млаз на урина, чувство на болка и печење при уринирање, а во понапреднатите стадиуми и крв во урината или спермата, болки по коските и општа слабост.

КОГА ДА ПОЈДАТ НА УРОЛОГ И КОИ ИСПИТУВАЊА СЕ ПРАВАТ?

Општа препорака е посета на уролог на мажи на 50-годишна возраст и постари за изведување на ехо на простата и уринарен тракт, одредување на вредноста на простата специфичен антиген (ПСА) и изведување на дигиторектален преглед на простата. Препораката се менува кај мажи што во семејството имаат татко, чичко, вујко или близок роднина кој развил карцином на простата на рана возраст и/или болеста завршила со смрт поради карцином на простата. Тогаш границата за прв преглед на простата се намалува на 45 години.

КАКОВ Е ТРЕТМАНОТ НА КАРЦИНОМ НА ПРОСТАТА? Т

ретманот на карцином на простата зависи најчесто од возраста на пациентот, стадиумот на болеста и некогаш преференците на пациентот. Општата поделба е оперативен третман со лапароскопска радикална простатектомија, локална зрачна терапија, активно следење или хормонска терапија. Сепак, индивидуализираниот пристап кај секој пациент е најадекватен за добро третирање на болеста, добар квалитет на живот и подолго преживување на пациентите. СОВЕТИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА Не постои лек за превенција на карциномот на простата. Се советува намален внес на масти од животинско потекло и зголемен внес на житарки и зеленчук во исхраната, но нема доволно докази дека тоа навистина влијае врз намалена инциденца на карцином на простата. Редовните превентивни уролошки консултации и прегледи кај мажи на 50-годишна возраст и постари, а кај мажи фамилијарно оптоварени со карцином на простата, посета на уролог до 45-годишна возраст, сепак, остануваат најдобра препорака и превенција.

НАЈСОФИСТИЦИРАН ЛАСЕР ВО УРОЛОГИЈАТА

На Oдделот за урологија во „Аџибадем Систина“, кој е составен од тим еминентни доктори од земјава и регионот, интервенциите се изведуваат на најсофистициран и најсовремен ласер Quanta Cyber Ho. Овој холмиумски ласер од најновата генерација, успеа да ги исполни очекувањата на уролозите, да биде единствена платформа што ќе ги изведува сите ендоскопски уролошки процедури. Со негова помош може да се изведуваат три типа ласерски операции на бенигна простата – вапоризација, вапоресекција и енулеација (комплетно вадење на простатата), како и кршење на сите типови камчиња во мочен меур, уретра и бубрези, независно од нивната тврдост.

СПЕЦИЈАЛЕН ПОПУСТ

По повод месецот на машкото здравје подготвивме специјален превентивен уролошки пакет со 50% попуст, по промотивна цена од 6.000 денари. Во пакетот е вклучен специјалистички консултативен преглед, PSA-маркер и ехо на урогенитален тракт со урофлометрија. Покрај стандардните процедури за дијагноза и третман, како и превентивни уролошки прегледи, уролошкиот тим ги изведува и најсложените реконструктивни операции на урогениталниот тракт кај деца и возрасни. Тимот доктори се пионери во многу сложени интервенции, со што може да се каже дека Одделот за урологија е лидер во земјава и регионот.

Сподели:

  • Добивај известувања за новости!