Салепот е фин и сладок напиток за ладните зимски денови. Добро е да го пиете кога сте настинати бидејќи ги ублажува болките во грлото и ги смирува дишните патишта. Освен тоа опушта, релаксира и ја зголемува сексуалната желба.
Смесата за овој магичен напиток се добива со мелење сушени луковици од планински орхидеи. Со своите хранителни и лековити својства овој напиток е одличен и за спортисти.
Начин на подготовка:
Една лажица салеп се меша со малку вода, потоа се додава млеко и се вари 5 минути со постојано мешање додека смесата не згусне. Можете да зачините со цимет и да уживате!