Бактериите, вирусите и другите видови микроорганизми ги има буквално насекаде. Некои од нив предизвикуваат болести, а одредени се т.н „добри“ микроорганизми. Кои се местата каде најчесто се кријат овие мали суштества кои го напаѓаат вашето тело?
Кујната
Труењето од храна несекогаш се случува во рестораните. Повеќе од 10% од труењета се предизвикани од бактерии кои ги имате на кујнските површини. Остатоците од храна кои се наоѓаат на кујнските површини може да бидат извор на бактерии. Исто така влажните крпи со кои ја пребришувате работната маса може да биде скривалиште на бројни микроорганизми. Ешерихија коли, салмонела, шигела, вирусот на хепатит А и уште многу други микроорганизми може да ги сретнете токму во кујната.
Пари и кредитни картички
Парите се еден од главните извори на бактерии. Не занете низ колку раце поминале пред да дојдат во вашиот паричник. Бројни истражувања докажале дека парите се главно контаминирани со фекални бактерии. Истото се случува и со кредитните картички. Затоа секогаш по контакт со пари, сметки, кредитни картички, паричник темелно измијте ги рацете.
Мобилен телефон
Мобилниот телефон го оставате во вашата чанта, на работното биро, на маса во ресторан, разговарате во тоалетот или додека јадете, а го оставате и на уште многу други нечисти површини. Потоа го носите во вашиот дом и го давате на децата да си играат со него. Дали знаете дека мобилниот телефон е еден од најзаразните предмети со кои секодјневно имате контакт ?
Сунѓерот во бања
Дали знаете што се може да се крие во сунѓерот во вашата бања? Мртвите клетки од вашето тело се задржуваат во дупчињата од сунѓерот и се одличен извор за развој на микроорганизми. При следното туширање ги нанесувате на вашето тело.
Моливчето за очи
Додека го нанесуваме, никој од нас не помислува дека на него може да се кријат микроорганизми кои може да предизвикаат воспаление на очите. Најлошото што можете да го направите е да го позајмите на вашата пријателка. Проверете го рокот на траење на шминката која секојдневно ја нанесувате.