Сипаници, вообичаени детски болести
Одговор за најчестите дилеми поврзани со сипаниците
Сипаниците се најчестите заразни заболувања во детската возраст. Од ова не се поштедени ни возрасните, особено оние кои не ги прележале како деца.
За сипаниците не постои специфичен лек. Единствен начин да се заштитиме од нив се вакцините и затоа е неопходно вакцинацијата да се спроведува правовремено и редовно.