Магнетната резонанца е најсовремениот дијагностички апарат кој дава прецизна слика не само на коските туку и на меките ткива, па на тој начин служи како прецизна дијагностичка алатка во откривањето на заболувањата на `рбетниот столб. Магнетната резонанца дава јасна слика на целокупната анатомија на `рбетниот столб, па се користи при дијагностицирање на дегенеративни заболувања на дискот, дискус хернија, спинални стенози, ишијас, кифози, сколиози, тумори и инфекции на `рбетот.