/ЗОШТО Е ВАЖНО И ДЕЦАТА ДА ПРАВАТ ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ?

ЗОШТО Е ВАЖНО И ДЕЦАТА ДА ПРАВАТ ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ?

Сподели

Периодичниот систематски преглед е основа за редовно следење на здравјето на детето. Со редовните систематски прегледи на вашите деца, вие преземате превентивни чекори и спречувате вашето дете да се разболи. Прегледите се почести додека е детето помало, а бројот на посети на лекар се намалува со зголемување на возраста на детето. Децата во секоја фаза од животот покажуваат различен напредок во својот раст и развој, кој треба редовно да биде следен од страна на родителите и педијатарот. Овие прегледи кај децата се од витално значење бидејќи овозможуваат следење на сите фази кај детето, како и проверка на здравствените проблеми.

Дополнително, раното откривање на одредени отстапки и здравствени проблеми може да придонесе за навремено спроведување на ефективни третмани пред одредено заболување да напредне. Прим. д-р мед. науки Душко Фидановски, специјалист по педијатрија, објаснува дека спроведувањето редовни систематски прегледи или правење детски чек-ап е од големо значење кај децата, со цел следење на нормалниот раст и развој на децата, рано забележување на отстапување од нормалниот раст и развој и откривање на причините за него и рано забележување на почеток на одредени сериозни заболувања, чиј ран третман е од круцијално значење во успехот на нивното лекување.

ШТО ТРЕБА ДА СОДРЖИ ЕДЕН СИСТЕМАТСКИ ПРЕГЛЕД?

Прим. д-р мед. науки Душко Фидановски вели дека систематскиот преглед на детето треба задолжително да содржи: општ педијатриски преглед, ортопедски и стоматолошки преглед, правење основни лабораториски (крвна слика, ЦРП и биохемиска анализа на урина) и микробиолошки иследувања (брис од грло и нос).

„Во зависност од забележување на одреден проблем, по индикација, се советуваат и дополнителни Зошто е важно и децата да прават превентивни прегледи? 43 супспецијалистички прегледи (ОРЛ, хирург, развоен педијатар) и тестови (ехо на одредени органи) или специфични лабораториски и имиџинг иследувања (компјутерско снимање, магнетна резонанца, генетски иследувања, метаболички иследувања, биохемиски анализи на одредени органи), како и дополнителни микробиолошки иследувања (бактериолошки и вирусолошки)“ – објаснува д-р Фидановски.

Овие прегледи треба да бидат со поголема зачестеност во првите 3 години, најмалку 2 до 3 пати годишно, а кај претшколските и школските деца прегледите да бидат најмалку 1 годишно.

ПРЕГЛЕД ПРЕД ПОЧНУВАЊЕ ВО ГРАДИНКА И НА УЧИЛИШТЕ

Многу е важно да се спроведе систематски преглед кај детето пред тоа да тргне во градинка или на училиште, ако дотогаш тој не е направен и задолжително пред отпочнување со редовно практикување на некаква спортска активност. На овој начин се овозможува безбедно и правилно спроведување на наставниот план според можностите на детето и обезбедување соодветен ментален и физички развој, без притоа штетно да се дејствува врз процесот на раст и развој на детето.

ЗОШТО СЕ БИТНИ ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ КАЈ ПОГОЛЕМИТЕ ДЕЦА?

Превентивните прегледи кај децата и тинејџерите се важни бидејќи докторите, покрај прегледот, можат да им дадат важни информации за правилна исхрана, физичка активност и доволно сон, но можат да дадат и упатство за управување со стресот, кој е чест придружник на адолесценцијата и пубертетот. Во периодот кога децата растат, може да се појават и првите знаци на проблеми со менталното здравје, како депресија и анксиозност. Редовните прегледи можат да помогнат да се идентификуваат овие проблеми рано.

СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ОДДЕЛ ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕГЛЕДИ

Во „Аџибадем Систина“ работи првиот специјализиран Оддел за превентивни прегледи (check-up). Одделот нуди специјализирана програма со која се воведуваат нови методи во превентивната медицина преку прецизни тестови и испитувања, со цел рана дијагноза на болести кај здрави личности. Со помош на check-up програмата, можеме да добиеме важни информации за состојбата на нашето здравје и да откриеме дали има ризик од некои заболувања. Во одделот за check-up при Клиничката болница „Аџибадем Систина“, лекарите специјалисти ги проценуваат индивидуалните карактеристики на пациентот, ризикот, проценка на семејните заболувања и факторите на околината.

Детски check-up