/Вежбајте пилатес

Вежбајте пилатес

Сподели

Пилатес вежбите го релаксираат човековиот ум поради совршениот начин на кој се осмислени и групирани, го нормализираат крвниот притисок, го намалуваат стресот. При тоа, тие воопшто не претставуваат макотрпна техника која предизвикува замор и болка.

1. Што е пилатес?

Пилатес е совршено вклопен систем на физички вежби за зајакнување и истегнување на мускулите на телото, подобрување на флексибилноста и контрола на телото.

2. Како настанал пилатесот и од каде потекнува?

Пилатес методот е измислен од Џозеф Пилатес во првата половина од 20 век во Германија како систем на вежби за соединување на умот и телото.

3. Главната теорија на пилатесот?

Џозеф Пилатес е познат по многу свои изреки и анегдоти како на пример „Физичката кондиција не може да се постигне со фантазирање за тоа, ниту да може да се купи“. За само 10 тренинга ќе почнете да чувствувате разлика. За 20 тренинга ќе можете да ја видите разликата, а за 30 тренинга ќе имате целосно ново тело.

4. Зошто е добро да се практикува вежбање пилатес?

Пилатес вежбите ја имаат единствената цел, да создадат здраво тело, здрав ум и здрав дух.

5. На кој начин дејствуваат пилатес вежбите?

Пилатес вежбите го релаксираат човековиот ум поради совршениот начин на кој се осмислени и групирани вежбите, го нормализираат крвниот притисок, го намалуваат стресот. И како најважно, по еден тренинг пилатес сте одморени, релаксирани и вашето тело не е преморено, напротив, подготвено е да продолжи со преостанатите обврски.

6. Зошто е неопходно да вежбаме пилатес?

Стресот и уморот се најчесто последица на лошото држење на телото и неправилното дишење и затоа мораме прво да го зацврстиме целото тело и умот во една целина. Пилатес методот не  претставува макотрпна техника која предизвикува замор и болка. Пилатес е единствен во тоа што може да се вежба насекаде каде што може да се постави простирка. Со текот на времето овие вежби почнале да се комбинираат и со вклучување реквизити. Вежбите се изведуваат и со тегови, пилатес топки, растегливи ленти, фризби, мали медицински топки.

7. Дали со пилатес вежбите може да ја намалиме телесната тежина?

Пилатес системот на вежби помага и гарантира намалување на телесната тежина. Со регулирана пилатес исхрана и со вежбање 3 пати неделно во рок од еден месец се забележуваат првите резултати.

8. Што ми е потребно за да почнам да вежбам пилатес и каде?

За почеток  ЖЕЛБА и верување во себе дека можете да постигнете многу со пилатесот ако сте упорни и трпеливи. Можете да почнете во кое било пилатес студио или, пак, да вежбате во својот дом со една простирка гледајќи вежби на ДВД издание или на некој интернет сајт и убаво следејќи ги инструкциите за вежбите од инструкторот.

За сите генерации

Пилатесот го препорачуваме за сите мажи и жени, деца и стари без никаква разлика на возраста. Кога би знаеле сите колку е важно барем 20 минути во текот на секој ден да се посвети на истегнување на телото, мускулите и ’рбетот никогаш не би имале сериозни повреди на зглобовите или секојдневни случки на вкочанетост на ’рбетот. Затоа денеска е денот да ги смените навиките и да најдете време за себе и за своето тело. Вежбајте пилатес!