/Како да ги ублажите симптомите на мигрената

Како да ги ублажите симптомите на мигрената

Сподели

Мигрената е еден од најчестите видови главоболка која се препознава со интензивна пулсирачка болка, која обично е посилна од едната страна на главата. Болката е толку силна што може да ги попречи секојдневните активности и да трае и подолго, од 3-4 часа па сè до неколку дена ако не се лекува. Бројни истражувања покажуваат дека секојдневно се зголемува бројот на луѓе кои страдаат од мигренозни главоболки, па може да се каже дека над 20% од луѓето се соочиле со овој проблем. Мигренозните главоболки се далеку почести кај жените, додека кај мажите преовладува еден друг тип васкуларна главоболка позната како „кластер“ главоболка, која има слични симптоми како мигренозните болки.

Симптоми

Мачна болка обично се случува само на една страна од главата во близина на челото и очите. Мигрената може да ве направи многу чувствителни на светлина, звук, мириси или да чувствувате потешкотии и мачнини дури и при мали и лесни активности како качување по скали. Многу луѓе имаат и проблеми што се поврзани со гадење и повраќање. Болката може да биде толку јака што ќе морате да ги откажете секојдневните обврски и да отсуствувате од работа.

Мигрена со аура

 Околу 20% од луѓето кои страдаат од мигрена ќе имаат пред најава, аура околу 20 минути до еден час пред почетокот на болката. Симптомите се појава на светки пред очите, црни точки на окото од страната од која ќе се јави нападот или затегање и здрвување на лицето.

Знаци за предупредување

Кај некои луѓе може да има промени во расположението, пред почетокот на мигрена. Тие можат да станат возбудени, иритирани или да ги зафати депресија. Други, пак, може да ста- нат сензитивни и осетливи. Други знаци за предупредување се и уморот, честото прозевање, напнатоста во мускулите. Најчесто овие симптоми се најава дека следува мигренозна болка, но не така ретко пациентите се будат со започнат напад (обично за викенди, ако поспијат подолго).

Храна

Луѓето кои страдаат од мигрена често велат дека одредени ви- дови храна им ја активираат болката. Виновни за активирање може да бидат црвеното вино, сирењето, чоколадото, соја сос, месото.

Избегнувајте светлосни дразби

Мигрена може да иницираат и силните светлосни дразби. Ќе ви пречат силните светилки, трепкавите светла, снегот, одразот од водата или телевизискиот екран. Затоа редовно со вас носете очила за сонце и избегнувајте силни светлосни дразби.

Редовна исхрана и сон

 Многу е битно луѓето кои страдаат од мигрена да имаат редо- вен сон и редовна исхрана. Ниското ниво на шеќер и прескокнувањето на оброците може да ја активираат мигрената. Покрај тоа треба да внесувате и вода за да не дехидрирате.

Вежби за релаксација

Емоционалниот стрес и напнатоста ја активираат мигрената. Иако е невозможно целосно да се избегне стресот, вежбите за релаксација може да ви помогнат да се справите со него. Вдишувајте и издишувајте пополека, исполнете го целиот капацитет на вашите бели дробови, вежбајте и најдете најсоодветен начин за релаксација. Некои луѓе едноставно се смируваат и со пешачење или со слушање музика што релаксира и смирува.

Хормонални промени

За многу жени мигрената се поврзува со нивниот менструа- лен циклус. Мигренозните болки се јавуваат неколку дена пред или за време на нивниот менструален период, кога доаѓа до на- малување на нивото на естроген. Некои жени може да имаат корист од анти-инфламаторни лекови кои ќе ги земаат пред да почне главоболката или ако земаат хормонска терапија.

Кофеин – помага или одмага?

Кофеинот може позитивно да влијае врз вашата главоболка, но само ако го консумирате умерено. Луѓето кои имаат мигрена можат да пијат чаша или две дневно кафе без никакви проблеми. Сепак, и премногу кофеин може да доведе до појава на главоболка.

Водете дневник

Кога имате мигрена запишете што сте јаделе неодамна, колку добро сте спиеле претходната ноќ, дали сте имале стресен ден и какво е времето надвор. Со следење на овие фактори со тек на време ќе си помогнете во идентификување на причините за мигрена.