/4 прашања и одговори за здраво срце

4 прашања и одговори за здраво срце

Сподели

Дали црното чоколадо го штити срцето?

Според бројни истражувања чоколадото содржи антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат лошиот холестерол LDL да предизвика артериосклероза. Притоа, кардиолозите препорачуваат доколку јадете чоколадо, тоа да биде црно чоколадо. Црното чоколадо е докажано како најкорисно за срцето.

Кои масти го штитат здравјето на срцето?

Маслиновото масло има голема улога во срцевите заболувања и канцерот благодарение на монозаситените масни киселини. Тоа е поради антиоксидантните ефекти на полифенолите, а особено олеуропенот, што се наоѓаат во маслиновото масло. Истражувањата покажале дека луѓето кои консумираат 25 мг маслиново масло дневно имаат ниски вредности на лош холестерол LDL. Според истражувањата направени во Соединетите Американски Држави, луѓето кои консумираат 2 лажички маслиново масло дневно имаат мал ризик за коронарно заболување.

Дали дебелината влијае на кардиоваскуларните болести?

Прекумерната телесна тежина е најголем ризик фактор за коронарни заболувања. Во развиените земји дебелината се смета за голем здравствен проблем. Дебелината е водечки ризик фактор не само за здравјето на срцето туку и за дијабетес и хипертензија. Доколку мажите со прекумерна тежина ослабат 10% од својата телесна тежина, го намалуваат ризикот за појава на срцево заболување за 20%. Научните истражувања покажуваат дека намалувањето на тежината за 5% го зголемува квалитетот на живот, го намалува ризикот од дијабетес и има позитивно влијание на крвта. Идеалниот индекс на телесна тежина треба да биде под 25.

Дали чајот е добар за срцето?

Чајот содржи флуор и манган кои претставуваат два значајни минерали. Исто така содржи и супстанција наречена катехин која делува позитивно на здравјето. Полифенолите во чајот стимулираат нетоксични ензими кои имаат антиоксидантен ефект, го спречуваат абнормалното зголемување на клетките, го намалуваат нивото на LDL и помагаат во зголемување на бројот на поволните бактерии во тенкото црево. Истражувањата спроведени за чајот покажуваат дека консумирањето на 700 мл чај дневно го намалува ризикот од срцев удар за 11%. Докажано е дека луѓето кои пијат зелен чај имаат нормална телесна тежина, живеат подолго и се заштитени од појава на срцеви и малигни заболувања.